алхемичар м.

алхемичар (м.)

Волшебникот Мелкијад од Макондо на Гарсија Маркез ги знаел сите тајни на алхемичарите од Македонија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Квадратурата на кругот е една од најчестите алегории за освојување на вештината. Basillius Walentinus, алхемичарот од 17 век, ги поврзува квадратот, кругот и креветот за да ја изрази следнава идеја: „Креветот на Мајката кој до скоро беше квадрат / Наскоро ќе стане Кружен.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За алхемичарите, поимите доле/земја/пасивно, се поклопувале со поимите месечина/ вода/женско.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
DUCHAMP (3) Значењето на анаграмите во алхемичарската традиција е исто онолку големо како и значењето на игрите со зборови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ворхоловите ко-автори, тие не беа толку чираци на големиот волшебник колку вистински алхемичари кои успеаја да ја синтетизираат нефатливата аура на Ворхол во литературен стил што ќе беше од огромен значај и во случај Ворхол никогаш да не фатеше сликарска четка во својата рака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Подземните” уметници и идеолози се алхемичари кои кореспондираат со космичкиот интелект.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Американецот Вилијам Бароуз, неговиот земјак Томас Пинчон и Ирецот Џемс Џојс се алхемичарите кои ја применија квантната динамика и теоријата на хаос во лингвистиката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој тип уметник е хиперинтелигентен крт, стаорец со фантастични рефлекси и интуиција на гениј, тој е алхемичар и научник, господар на дрогите и виртуоз на сарказмот - тој има авторитет пред криминалците и морлоците кои му се јатаци и често делуваат во негово име.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Младите дигитални алхемичари во своја команда имаат орудија на разјаснување и моќ кои нивните претходници не можеле ни да ги замислат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 44
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но најраните научници, како Њутн, беа филозофи и алхемичари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се вратив во заборавениот дом (Речиси незабележлив среде шумата од зборови) Овде сѐ е приготвено во вид на копнеж Како во собата на Алхемичарот кој штотуку И се приближил на формулата за објава на златното доба (Мислам дека станува збор за нестварни одаи Или за скалила што водат кон нив)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ликот на таткото, најавен (заедно со библиотеката) како клучен лик и во претходните книги на Старова, е еден посебен тип на чудак, речиси алхемичар, кој верува дека сите книги од неговата библиотека, ако се прочитаат според една и само една точна синтакса, го кријат клучот на балканското историско проклетство, во кое егзилот е неодминлива судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК