алармантен (прид.)
— Шири алармантни вести...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Хорацио, според моето убедување, беше премногу, односно мртов ладен, во однос на алармантната психичко-здравствена ситуација во која бев паднал.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Моцартовата „Волшебна флејта“ ги отстранува без траги сите алармантни вести, а и онака телевизорот служи како куќичка за птици.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ги потчинува на аналитички расудувања двата алармантни краја на постојната приказна за егзилот: бегството од Албанија и мечтата за враќање во роднокрајот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
По ова, откако Кукулев увидува дека работите не се движат во посакуваната насока кон нивно подобрување и ситуацијата станува прилично усложнета и алармантна – се решава, директно, по судски пат да си ги заштити своите работнички права, без да се обрати до Трудовата инспекција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)