авангарден прид.

авангарден (прид.)

Американската публика беше помалку авангардна.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Меѓутоа, неговите корени ги наоѓаме во некои авангардни движења неколку десетлетија порано - во поштенските акции на дадаистите и футуристите, на пример, почнувајќи од втората деценија навака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во сликарството неговиот пат одеше од илустратор и дизајнер до ексклузивен портретист, а во филмот обратно, од езотеричен авангарден автор до продуцент на комерцијални филмови и видео-спотови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во меѓувреме ја добива Златната роза на Американската академија на уметност и книжевност. Burroughs е класик, џин на авангардната уметност кој смее да го гледа сопственото прогласување за светец.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со своите пророчки книги за компјутерското време си го поврати статусот на авангарден но сериозен научник.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Модерната уметност сѐ уште не го надвладеала сукобот предизвикан од брзата и делотворна асимилација на историските авангардни движења во системите на тоталитарните држави.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Албанскиот полиграф ќе соработува во книжевното списание на Аполинер „Гозбата на Езоп” под псевдоним и на француски јазик, во духот и стилот на тогашните европски авангардни автори, вложувајќи го другиот дел на својата личност во написи под вистинското име во прилог на албанската преродба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Подемот и падот на овие авангардни движења ги постави почетните и завршните точки на првата, УТОПИСКА фаза на МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Колективизмот на авангардните движења имаше експериментална вредност.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Земјата која ја претставував ги губеше своите позиции и на меѓународен план, нејзината авангардна улога и во светот на неврзаните земји започна да се маргинализира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Член на авангардната литературна група „Серапионови браќа“ од почетокот на овој век.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа што го бараа надреалистите, во откривањето на новата моќ кај источните народи, Аполинер, како признат предвесник на францускиот надреализам, потоа на другите авангардни померувања на духовните потраги, го откриваше во комплексните заложби, во сложената личност, во потрагите на Фаик Коница во европското и балканското минато, во енигмите на јазикот, како резиме на човековото живеење во времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)