Штип (име.)

Инаку, еден од најзначајните обиди шопското наречје да се издигне на степен на литературен јазик за Бугарите и за Македонците, како компромисно решение, го направи штипјанецот Јосиф Ковачев (1839-1898) со својот „Болгарски Буквар” (1875), наведувајќи дека „шопското наречје”, со центар во Ќустендил, е средно и најчисто зачувано меѓу „севернобугарското или балканското” и „јужнобугарското или македонското”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден селанец стана и рече: - Во Штип се зборува дека треба да добиеме помош од преку граница - од Бугарија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Среде софрата седна човек со убави мустаќи и долга густа црна брада. Тоа беше штипскиот учител Даме Груев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Потоа дотераа еден „наивен" кираџија што носел ориз од Штип и Кочани, кој исто така не се вратил назад во одајата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Велат: Тука немејте, тихувајте, Ништо не зборувајте, Ништо не велите Тука само сонувајте По небо молку патувајте- Тука летаат и пеат Ангелите. Штип, црквата „Успение на Пресвета Богородица“, одамна
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Турците биле помногубројни, дваесетина сабји на еден голтар, и ги доклале луѓето пред тоа насобрани од Кратово, Куманово, Велес, Штип и од повеќето села околу Скопје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ех, небитница, како ќе ви кажам ... Кажи им, му довикнал оној бабуњосан Адам Лесновец и веќе самиот раскажувал: - Штипскиот бег Кара-Мурат сосила ни ги зеде камењата пред три дни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Првиот настап на она што подоцна ќе стане Зеро беше еден перфоманс во Штип.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во овој период британските воени мисии со посебно внимание го следат движењето на германските единици и нивното повлекување и за тоа го известувале својот штаб Force 399 барајќи да се бомбардираат правците Лариса- Лерин- Прилеп и патот Дојран- Валандово- Струмица- Штип.272
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Решението е во хидросистемот „Злетовица“ со што би се разрешило водоснабдувањето на градовите: Штип, Пробиштип, Свети Николе, Виница, Кочани и Кратово.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ех, уште не качени на штипските ридишта Козаците го открија Езерцено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кочанската река е десна притока на Брегалница. Тука се вкрстуваат патишта кон Штип, Пробиштип, Виница, Делчево.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Заедно пиевме на пругата, во Соколарци, а и овде, во Штип. Од ист казан јадевме боршч. А ти си единствениот што заштеди“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Брзаше да го истуриш срцето на белиот чаршав пред да те легнат на него пред да те пренесат по калдрмата и да те качат на високиот чардак таму негде во штипско Горно маало на улицата за која никогаш не беше слушнал Бидејќи никогаш и не слезе на земјата Бидејќи засекогаш остана седнат на коњот што бавно ја минува бескрајната степа на Кубан* Тој недооден пат Таа најдолга тажачка што некогаш сум ја слушнал
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вршејќи истрага околу ова убиство, властите успеале да откријат оружје и да ја откријат месната организација, а потоа, преку средства познати од времето на инквизицијата, успеале да ја откријат конспиративната мрежа на Организацијата во Штипска, Кратовска, Паланечка, Радовишка, Кумановска и Малешевска каза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На заминувањето од Струмица, кога излезе од градот, на раскрсницата каде што патот се дели за Штип и Валандово му кренаа рака да застане некои три женски.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Чауле си беше ептен при себе. Лично интервенирав кај Мијалче Штипјанчето!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Агилно дејствува во Скопје, а постојано патува за Битола, напати и за Штип.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе