Прочка ж.
прошка ж.

Прочка (ж.)

Од мене понизниот слуга твој кадија прилепски понизна молба и прочка до тебе, пресветли мој господаре и татко.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Толе се почувствува господар на ситуацијата и ја задржа тројката неколку дена на рожденско, па откако се намилува со Прочка, го префрли Перун и се најде во витолишките борови гори на Камчева Орница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Толе допре со очите до Алшари и го виде оџакот од фабриката на златниот рудник, испушти една длабока воздишка, сеќавајќи се на приклучението со Аќифа, а во исто време му излезе пред очи убавата Прочка, која беше ја фрлил во заборав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислам тоа беше моментот кога една несреќница се провикна: „Гледајте жени со што се храниме! И тоа на Прочка!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сум ја слушнала таа приказна, дека божем Партијата ја организирала побуната на штипјанки на Прочка!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Корилче ја чека нестрпливо Прочка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа година се погоди Прочка и Бајрам да паднат во еден ден.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Најближија до езерото. Во водата, се огледуваа околните гранки од дрвјата, наведнати кон неа, како да молат за прочка.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Беше Прочка. Никодин со Светлана беше заминал кај сестра му за празникот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)