Еским м.

Еским (м.)

Најмалите од Сибир и најмалите Ескими од некој глечерен рид ловеле за Чук Нам риби - Ескимите му фатиле и кит.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
А тоа важи и за Ескимот, кога би се нашол тука...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ескимите, иако се одговорни за големата болка, сепак се исклучително интересни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дали тоа го знае Сфингата, или пак Ескимот?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Блед и со црвен нос како снешко белчо кој се разладува со лист извалкана, неиспишана хартија, зарипнато викна: „Еве, овде имам некои ескимски мапи!“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Автентичното не е неминовно и исправно. Тоа значи дека кога Брехт пишувал за Ескими, мислел на Германците околу него.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По напуштањето на Ескимите, симпатичната кукла, нашава беспрекорна убавица, единствената која го повлече веселото срце Дедомразово, беше ти порасна колку една перница.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сонценца за инает на глечерите и сладоледите, мрачните луѓе, Ескимите, месечината и фрижидерите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)