џокер м.

џокер (м.)

И двајцата добро знаеме на која жена мислиме само јас отскокнувам кај неа љубопитен и на вишини навикнат не можев да си замислам толку еднолично и неразонодено суштество рамна снага рамен говор несовршенството ме предизвика потсвесно, како што обично се вели правев трикови за забава на народот покажував нови мустри шарпи шешири шпилови стапчиња топчиња кутивчиња бели гулаби за бела магија создавав драмски штимунг го извлекував резервниот маж последниот џокер од мојот долг од што е дупнат џеб, немав време за колебање носев кружна насмевка - рингишпил на лицето каде јас, таму таа!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Портретот на насмеаниот ветерански син во зелената униформа на гардискиот подмладок кој во септември треба да тргне во градската гимназија,со руса залижана коса и бледа кожа му дојде на Александар како џокер во надополнувањето на неговата приказна за ветеранската идила.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да знаеш дека овој пат ги прочита моите мисли и ја прими мојата телепатска порака и благодарам на оние кои ги наредија картите и ми дадоа џокер на дар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)