јазак прил.

јазак (прил.)

Се лути дека Арслан бег и другари му ги убиле орливе или пак навистина верува - Јаз’к олкаво мажиште! - дека убивањето на орли донесува несреќа?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Еј, па ние сме ја поминале Битола! А да не видиме ни еден конзул. Јазак!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Метафора само „резил, сакн и јазк“ за оној што има можност две децении да одлучува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Потоа Камилски ги фиксира заемките извици: аферим, аферим, браво (од персиски aferim); ашколсун, синоним на аферим; ишала, ќе даде господ, ако даде господ; јазак, штета, срамота; машала, синоним на аферим, но со повикување на претпазливост и страв од урок; сакан, внимавај...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)