јаглен (м.)

Тие веќе не беа рибини очи како порано, беа две парчиња пламнат јаглен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А по секое качување на дрва или јаглен од визбата, редовно го четкаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Митко ѕирна внатре. Во едно тавче имаше две парчиња леб, изгорен, црн како јаглен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Очите сјајат како јаглени, сите погледи се приковани за сцената. Без здив се следи претставата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веднаш до него е сандакот со дрва и јаглен. Може да стави а да не се помрднува од местото.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Гледајте да не ви изгасне огнот! Дрва и јаглен имате во сандакот, - им рече мајка им на излегување.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Зоки го допира јагленчето до ѕидот и почнува да трча, а на ѕидот останува долга – предолга црна линија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Денеска Лидија и Зоки нема што да прават. Одат тие двајцата околу својата зграда, а Зоки има во раката црно јагленче.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но, на крајот од ѕидот Зоки веќе нема јагленче во рацете. Тоа се потроши.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Плевната догоре. Купот јаглени и утредента чадеше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја издува пареата пискаво и шумно и го стести просторот со задушлив чад на недогорен јаглен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зедов парче јаглен и повлеков неколку линии по белиот ѕид.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Го оставив јагленот и се завртев кон Роско.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
10. ПОКРИЕНОТО МЛЕКО МАЧКА НЕ ГО ЛОКА - и јаглењата покриени поусилно жежат: жената си прибира сѐ што ѝ е на показ и бргу го покрива со - поедра мрежа...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
а душата ни лета кон Македонија, кон планината, кон шумата, како оди јагленот, уште шумата ми се гледа в очи, од некои повисоки дрвја не можам да клепнам со очиве, не можам да ги затворам, а и сонот ми беше лабав таму, во Америка,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Гледај ваму, ми вели татко, ова е даб благун и тој има најмногу срцевина за спици, за бочви и за качиња и да знаеш за отсега, ми вели, рапавиот даб е само за јаглен и за греење, а царевиот даб е за ништо, вели, оти нема срце и брзо скапува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И - се знае: нема доволно струја, нема јаглен, нема ова, нема она.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Коските измолени, места јаглен сторени, Кој ќе го крепни кафезот, кој птицата молкната, Кој ќе ни ја ублажи и стиши болката Кој ќе ги крене крилата преморени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Чевлите му беа долги и шилести, со нив можеше да се копа јаглен во рударска јама.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе