шушкање ср.

шушкање (ср.)

Таму се слушаше само брмчењето на мувите и шушкањето на срповите што внимателно ги сечеа стеблата на житото.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја милува студената двоцевка со тапиот палец и го слуша шушкањето на невидливите трски од мочуриштето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Челичните заби се вклештија еден во друг, се стиснаа како ѕверска челуст, и тој, Стојан Ванков, се исправи со суво шушкање во душникот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се беше суво: и тревата и нејзиното шушкање и нејзиниот мирис... И нејзината подземна крв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Влезе, поразговара и запиша во својот список едно име: Стојан Ванков, роден тогаш и тогаш, тоа и тоа, неженет и - доселен по војната од зад граница. „Благодарам“, рече кришум гледајќи кон касата, а тој, Ванков, имаше доверба во него и му говореше со асматично шушкање до душникот за сѐ - какви се цените на пазарот, кога бил најголемиот пожар во некој голем град, каква политика води Черчил.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во салата се понесе едно потиснато шушкање што требаше да значи: зачуденост, сожалување, а можеби и револтираност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одеше многу бавно и секогаш застанувајќи за да си ја смири заздишаноста, внимаваше на секое шушкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По повеќе време чунким само од себе крадешкум, без ниедно шушкање со чекорот, а бесповратно, срнчето почна да се доближува кон неговата дланка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Полјакот ќе пукне од бес. По цела ноќ трча по куќата и на секое шушкање извикнува: - Стој!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Долгиот опаш на ветрецот сѐ уште се влече меѓу старците, тие сега дишат некако послободно, без шушкање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Наслушнувал, чул. Извик, потоа шушкање во тревата и птичје мешколење на гранките зад куќата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како дожд да минал преку замагленост и како да ги измил сите нејасности и одвишности што пред тоа внесувале збунетост и недоразбирање помеѓу него и треварите, јасно можел, или само верувал во тоа, да види на темните лица и жилче и брчка, да го чуе дури и шушкањето на тие белези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човеколиките мирисаа на животните со кои живееа, се разбираа со нив на древни, диви јазици, со крици, шушкања, мласкања. . .
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во долгиот хол без прозорци, со неговите два реда полукабини, исполнет со постојано шушкање на хартија и со џагор од гласови што мрморат во говорпишувачите работеа десетици луѓе што Винстон не ги знаеше дури ни по име, иако секојдневно ги гледаше како брзаат горе-долу низ ходниците, или како гестикулираат за време на Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овде-онде во публиката се слушна шушкање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но однатре доаѓал чуден звук, како шушкање на книги, на страници безбројни, како слова златни да се преместуваат, да се сочинуваат и умножуваат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не можев долго време ни да заспијам оти стомакот ми крчеше, празен; при секое шушкање на лисјата надвор, се вртев да не ја видам сенката на мачката исправена врз мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Желна за дом Шетаат духови во куќата јазикот е претворен во крцкање шушкање, лелекање, логореа недостига визија, провидение, битие животот е патување кон неартикулираното дури и бездната има форма и хаосот има твојот Дом нема затоа што Овде - да се нема значи да се изгуби тоа што се имало значи, некогаш си имала а сега е време за мечта мечта со волшебна моќ а не обична надеж.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во истиот миг од зад вратата се чу женско бревтање и шушкање на ќеси.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тука, под замаглената светлина на батериската светилка, ги проверуваа воените и офицерските книшки и потоа со тивко шушкање се подигнуваа гранките и ги пропуштаа дојденците во тунелот осветлен со две газиени ламби.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе