трга несв.
тргање ср.

трга (несв.)

За Силјана и напре немало работа и сега немало, при сѐ што сега му се смилила работата и куќата; арно ама требало да си ја трга џезата што го колнале татко му и мајка му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Силјан ги слушал тие зборови од жената си и срцето му се корнеше, од жал што му идеше; арно ама канонот, што бил даден треќата вечер, требало да го трга.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Прави што правиш, чести си го таткото и мајката да не добиеш некоја клетва во некој лош саат, за да тргаш мака".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кого го удриле, кого за гуша го фатиле овие бели рачиња, та да тргаш мака за татко ти во туѓина?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ПЕТРИЈА: (Со цигара во устата, витка друга.) Сите тргаат тутун само кумот нема цигара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кој трга наваму, кој трга натаму!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: Ете тоа не ви чини; Коте што рече: Кој трга наваму, кој трга натаму; јас сум ова, ти си она...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
За себе само ргај си за себе маки тргај си - нижи си ѓердан денови нижи си алки ковани, нижи си синџир железен околу вратот навезен!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
САВЕТКА: (ја трга на сила за да стане). Свести се, мори, ќе те турчи!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мрдаше со рамениците да ме стресе, мавташе со нозете да се ослободи од живото клопче што го тргаше кон земјата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кузман се обидуваше да ја фати за рака, таа се тргаше, нишаше глава и пискаше. - Не, не... Зар овде? Види го ти безобразников.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Што е најглавно, Трајко треба да најде пари да му се плати „трудот“ на владиката што го направи Петка поп. Не поминаа ни дватри дена, Трајко дојде кај Петка и му кажа дека другиден тргаат кај владиката на попење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе му го тргам гараметот дури е жив, ама баре ќе дела со Дочка две со едно ...“ ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тргааа уште во четвртокот, за да пазарат во петокот без пазар, со парите во ќесињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- За тргање, ќе тргам, - рече Бошко, - туку чаре да ми кажеш некако!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Најдо помисли и вака му одговори: - Навистина на мака си, ма си изел што не се јаде и сега ќе тргаш!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но тој се тргаше од настаните, не сакаше да им се врати прецизен и студено да ги измери; уште повеќе- времето тогаш стоеше, и тој, во такви часови, можеби само за еден миг, беше вон од тоа време, во беспростор, сиот во искинати сеќавања.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Август се трга од кафезот и го брише десното око. Зад решетките трепери голема сенка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Изгледаше дека главата го влече кон облаците безуспешно тргајќи се од јакиот жилав врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се нишаат далеку три танки маслинки, му се противставуваат на дождот се тргаат од корен да се искорнат и да се пробијат низ мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе