спокојство ср.

спокојство (ср.)

Ледено спокојство. Езерска шир. Тишина. Скаменет мир.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Така е, на чесен збор: во малите градови осамените и тажните се кловнови за луѓето, за оние луѓе што строго го поделиле животот на печалба, сопружничка должност и спокојство крај полната софра. Во малите градови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја зедов секирата и со спокојство во срцето и во грлото им реков да ѝ се вратат на својата црна кола со митралез.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крај, нејзини, и мое спокојство, сфаќам најпосле. Грмежите се ближат, веќе се над нас.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Измисли бесмислица и тихо смеурење: месечари од цел свет, излупете го месецот како диња и загризете во него во името на вашето спокојство.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најпрво се спогодуваа со некаков арабаџија, жилава пенушка со исламско спокојство во очите и мислеа дека се ќе е како што бараше Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа е, сфати, а јас не се сетив. Стана лесен, срцето му го исполни спокојство - сѐ стана како што требаше да стане.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Проклетници, не ме оставаат на спокојство.“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во долината на вечното спокојство ние ќе бидеме заедно и сами.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зборовите изречени напевно и високо од ѕвонливиот детски глас го исполнуваат со задоволство овој служител на редот и спокојството.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би можел човек, ако му е потребно, со мирна душа и спокојство да преживее внатре или да се засолни од ветришта, дождови и што ти ја знам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не сакаа да си го изгубат спокојството освен ако во тоа еден ден да видат некоја можност.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Каква сигурност, какво спокојство се влеваше во неговата страдална душа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не сакаат да си го расипуваат спокојството, зашто неработењето за нив е спокојство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Некое спокојство, измешано со сонливост и умор, го плави однатре од утробата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но и тука не можеше да најде мир и спокојство; седеше на столчето, стануваше, земаше книга да чита, ја отвораше, но пак ја оставаше; легнуваше на креветчето, но пак стануваше, шеташе по таванот наваму-натаму, не можеше ништо да направи, со ништо да се смири, успокои.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Едни, по исплакувањето на Молитвена Вода, прочистени, успеваа да се вратат во крилото на семејството и во крилото на заедницата, (таквите беа оставени на мира, како ништо да не се случило со нив и во нивниот живот), други, кои и потоа, и по исплакувањето на Молитвена Вода, не успеваа да си го повратат мирот и спокојството, стануваа тихи и вовлечени во себе, чудаци, трети, длабоко неутешените, или стануваа божјаци, или одеа во манастир, или, непречени од никого, заминуваа некаде и не оставаа по себе никаква трага.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе