рода ж.
род м.
роди св.

рода (ж.)

Блиска рода нигде немам, ни при живи дел да земам: Немам либе...
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Тогаш се проштава таа со својот роднина, за кого ѝ е жал и плаче, и му го фрла дарот на рамо, подарен од зетот, а девојките ја пеат песната: „Мила ми мила — таткова рода".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бегам и слушам: не правете ја голема, не газете си на родата, високо небо крај нема, за него е малку и да го убиеш и така.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од грижа за моралното и менталното здравје на децата, уште од мали нозе ги воспитуваа, поточно ги заплашуваа, да не убиваат птици: Ќе ти умре мајка, некој од најмилата рода, ќе онемееш, ќе ослепиш, ќе ги се фатат рацете и нозете ако убиеш птица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оставајќи на времето, тоа да го даде одговорот, велеа Ако се врати некогаш да си ја земе Драганка, значи е трговец, но ако не се врати по неа, то ест ако ја остави, зашто не е крвна рода Јанческа, да се омажи за некого од нивните, значи дека бил ајдутин и дека ги оставил коските некаде по планињето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми, впрочем како придојденик во градот, без рода и блиски, ако се исклучат козите, тие туѓи организми во семејството кои со времето толку соживејаа и станаа дел од него имајќи го на ум брат ми партиец, сметаше дека не е толку мудро да се мешаме во политиката на домородците, зашто и кога ќе имаме право за некоја работа, тешко сите да ни поверуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Близу границата ми пријде несетум една жена од моите блиски по мајчина линија, индиректна рода и ме гледаше час со извештачена доза на благо сочувство, час со извештачена доза на сожалување, којзнае која беше вистината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред самото кревање на граничната рампа, за да се мине тампон-зоната помеѓу двете земји, повторно ми пријде жената од индиректната рода.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но од сѐ што загуби, најблиската рода, куќата со бавча крај Езерото, по силните удари на судбината откако ја минавме границата, тврдеше дека најмногу добивала неговата душа, станувала појака.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Негови блиски, по негова мајчина и таткова рода заминуваа во Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Брзо стасал абер од амбасадорот. Тој ѝ ги дал сите упатства, како да стигне до своите сестри и браќа, до својата рода од Измир до Цариград, до Ерзурум и до други градови. ѝ ја посочил и банката во која се наоѓал последниот аманет на нејзиниот татко, оставен пред смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дел од нејзината рода, католички Албанци, живееја уште поблиску до нашата куќа крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка се растревожи, ја навасаа семожни мисли, за родата таму, за своите деца овде, за нивната иднина. Тешко можеше да се соземе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го видов и го препознав „шоферчето“ во првиот ред на блиска и најблиска рода.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И родата нивна ги гледа.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Од нашата рода во Измир дознав дека веќе добро си навлегол во правните студии, дури и си проникнал во тајните на адвокатурата!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)