ранина ж.

ранина (ж.)

Стани сам во мугрите,излези во ранина, на висока ,скалиста, снеговита планина.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Излези во мугрите, излези во ранина На висока, скалиста, снеговита планина, по лицето, снагата ветрот да те милува, мисла ненаслутена в умот да раскрилува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Трепереше сонлива ранина, кога гавазите стигнаа со скапоцениот прстен на брегот од Преспанското Езеро каде беше малото китно село на убавата мома.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тука, крај него, во неговата близина, имаше уште некого, тој просто го сети неговиот здив и неговата зачекореност, еден ужасен впечаток за нечие непожелно присуство, сè додека не беше во состојба да ги вкопа петиците во двете вдлабнатинки, што успеа да ги направи за тоа во тврдиот снег, и добро да погледне нагоре, кон стените, до кои не успеа да допојде во ранината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А потоа, во бараките и во коњушниците, од доцнина до ранина и од ранина до доцнина пробивно и долго се слушаат олелии.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Третиот ден, уште на ранина, уште неосвестени од она што се случило ноќта, придружбата на мојот прапрапрадедо, неговите слуги и камилари биле исечени од сабјите на ајдутите, така што немале време ни да офнат ни да залелекаат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Утре в ранина ќе можеш да легнеш во него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се љубеле и љубејќи се заспале. Во ранина се разбудиле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)