прч (м.)

Ти шо велеше: „Којзнае дали ќе а свиткаме ваа, оти е помината низ сито и решето“. Дејди, Петко, дејди стари прчу.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете го и ѕвонецот од црвениот прч.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Е, нека види сега тој прч, тој бивол, што змија му се пикна в пазува!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За гостите заклавме прч. Олкав вака беше, ко козолци му беа роговите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога прчот се оддалечи, ние појдовме кон Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Први излегоа прчовите, водени од Сталин. Козите мирно чекореа зад нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но ед­наш, кога Чанга мина крај нашата куќа со стадото, нашата Сталинка оддалеку ги насети козите и прчовите, па се стрча кон нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знаеш ли дека смрдиш како прч ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ах, стар прчу, што ни стори бре човеку! го искара стопанот во себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Маж, висок, со шапка, малку поостарен, со тенка бела брадичка на замислен прч; а двете жени, боси, со зелени коси до нивниот разголен папок и со бели нараквици.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само да не заборавам да ја прашам Јана за улогата на распосланиот тигар пред каминот во нејзините односи со рогатиот прч.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Изгледаше како млад вообразен прч, спремен за борба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)