пролив м.

пролив (м.)

Родилката доби пролив и така, јас по вторпат се појавив во светот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Уште не си ги бев облекол гаќите... бев таков сред пролив...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога ќе дојде до фрка, до прпа, јас се простирам, издолжувам, добивам пролив.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Глава ти пука од болка, на леб и вода да не погледнеш од мака, зашто сѐ што ќе касниш ќе го повратиш, та само на пролив те тера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Чоекот надлежен за мењавање вода сигурно го стрефило пролив па каснеше цели 20 минути.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Отруен од егоистични поети и нивните патетични стихови книгите им се облеани со прашини самобендисано се читаат себеси Трујат со песни непотребни и надмено глумат богови на поетски средби здодевни секогаш изнудуваат проливи Проклети силувачи на зборот бесмислени и неинтересни колку ли терор претрпел листот од нарцисоидни убивачи на песни Потрошени се листови тони хартијата претрпела грев и наместо поетски трипови хартијата би служела за огрев
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Од локалните гении им доаѓаат киселини, многу ждригаат, а понекогаш мора да скокнат до најблиската аптека по апчиња против пролив.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)