права (ж.)

Тие закони дозволуваат да се повлече права кон оваа или онаа точка на иднината а не да се оди по комплициран кривулест пат со лажна потера по сегашноста.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
После ќе гаташ над моите рецки над испрекинатата линија на судбата срочена во 64 хексаграми на енигмата а тој ќе вметнува во ребусот по некоја права, проста, прозна и позитивна цртичка. Машки синопсис!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Геометриски објект, пресек на две прави, без димензија. Апстракција?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)