песоклив прид.

песоклив (прид.)

Земјата ќе ја собира во темните агли. Земјата во ќелијата е мека, песоклива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Водата ја однесе чизмата далеку и ја исфрли пред една шумичка на песокливиот брег.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Неколу километри долгиот брег, сиот беше исполнет со хотели, вили, кафеани, со огромна песоклива плажа, низ која се преливаше жолто-златната боја на ситниот песок, кој огромните морски бранови го здробиле во прав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само на песоклива земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земјата ни е посна и песоклива. Не ќе има што да се меле. Камења камен не дробат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ајде да направиме летен театар од песокливи кули и сонливи дилижанси и бакнежи од шаторски преспивања Ајде да направиме летен театар со карневалски маски со скришни сказни со ружи и ѕвона што ќе ечат крај езерото.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Попладнето од Лерин стигнаа булдожери и почнаа да копаат длабоки ровови во песокливата земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)