пандур м.

пандур (м.)

Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А покрај тоа, на сите нам не можат татковците да ни бидат ни полјаци ни пандури во општината, како што е тоа татко му на Бузо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не ме мајтапи сега и ти, - му замери Методија. - Сум ти кажувал како на свој човек: слушај ме, вели па ако дојдат нашите пандури ќе бидеш, од плата ќе живееш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ама што ќе правиш, тој сега стопан, јас, како што знаеше, со цела фамилија момок кај него. - И пандур, - рече Коте.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
* Од него, од тој човек, на сите страни се пуштале ластари и тие што биле негови синови и внуци и синови на тие внуци плаќале данок како берачи и продавачи на тутун, афион, шеќерна репка и памук, како колари, јажари, самарџии, ковачи, воденичари, гробари, управители на пошти, пандури, архивари или ја заборавила ораницата зашто станувале металци, обликувачи на порцелан, попови, готвачи, прекуокеански печалбари, но тој татко, дедо и прадедо, Зафир Јосков, бил поп, распоп и солунски продавач на мирудии и малоазиски мелеми и пак поп во неколку села под востаничкиот град на Питу Гули, на Никола Карев и на другите, да ги спомнеме без патетика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Рафал се надева дека ќе ги разоружа пандурите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Боб: Што се однесува до пандурот, полицаецот, уште од вчера упорно бара, дури и плачеше, да пука врз своите другари.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Полицаецот: Убаво би изгледале! Ве предупредувам: дури и на издишување, не сметајте на сомилост од пандурите: пандурот е без милост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој беше козар и него партизаните го имаа за курир, пандур, ние што велиме.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите да дојдат на состанок во училиштето, им порача пандурот на селаните.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Тогаш да си ги соберете пандурите и да ве нема од нашето село...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)