нафрла (несв.)

И тој се нафрлува сиот на неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Гробарите веќе ја ринеа земјата, си плукаа во рацете и ја ринеа земјата, ја нафрлаа со лопатите на сандакот, го засипуваа гробот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Комарците се нафрлаат како улиште и само те печкаат по лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден од треварите, постариот, и некои двајца, калуѓерски долговратиот Лазар Аргиров и кашличавиот Осип Сечковски, веќе ја кршеле со секири колата на Дмитар-Пејко, кога пред нив како куп ѕвезди ќе блесне оган да нафрлаат врз зажареноста пресно месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доколку некој богослужец и доброчинител не ги посипе мртовците со вар или со газија, доколку не ги запали од божји причини, преку ноќ на нив се нафрлуваат чакали, понекогаш бесен пес или престарен крмнак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го фрлам штафелајот а сликата ми се нафрла. Исплашен бегам, паѓам, замижувам... Божем спијам, божем сонувам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Губам рамнотежа, се нафрлам и јас... Не можам веќе да се спречам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога бурата долго траеше, и кога целото брдо завиваше со денови и денови, ѝ се нафрлав на теглата шеќер, со црпка или со раце, тоа ми беше утеха, жолтиот, небет-шеќерот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А велат, кој ќе ѝ поверува на жена му на Комесарот најмилото му се нафрлува уште истиот час со струпки“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури потоа попот го отпеа мртовецот, повеќе со шепот отколку со зборови, и откога тоа заврши, го спуштија сандакот во дупката, ја нафрлаа земјата, ставија крст, и на крстот напишаното име - Петре, син на Бајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сѐ е тотално фушерски изведено. Тукутака замачкано, нафрлано, незавршено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)