наем (м.)

Уште сега ќе отидеш кај Крстју, нека најде под наем некој затворен пајтон, тој самиот нека се преправи во пајтонџија и утре рано да дојде по вас.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
25. НА СВАДБАТА ЗГОРА И АРАЧНИКОТ МУ ДОЈДЕ - оној службеник ревносно што собира наем, а, пак, јадењето, пиењето и свирките тој ден ги пресмета во тефтерот за доживотен заем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Дури и налудничавата мисла да ја земе под наем собата на катот за миг повторно му светна во умот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Заради забрзување на дивелопментот во таа насока, тој на брезничани им препорача да ги изнесуваат на сред село своите гостински маси и на проматарите да им ги издаваат под наем.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако работодавачот времено ја пренесе врз основа на правна зделка [закуп, наем] целосната или дел од дејноста на друг работодавач, преминуваат работниците по престанувањето на важноста на правната зделка назад кон првиот работодавач или кон новиот работодавач – преземач на дејноста (чл. 68, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Голем дел од своето слободно време го трошеше на имотот кој неколку години по ред го земаше под наем од Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Нивите ги давам под наем. Доаѓа едно момче од Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Војник во јаничарски полк, стражар, жандарм, везиров придружник, на крајот јаничар под наем!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)