крцка несв.
крцкав прид.

крцка (несв.)

Надвор се слуша крцкање од снегот a туп пад од чоек со вик: (А-а-а..) ДАРА: Јао... (преплашена бега и се покрива на кревет со јорганот преку глава).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Кузман застана пред мене и сериозно ми подаде рака. Под неговите заби крцкаше килибарениот цигарлак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лежев со затворени очи и со страв го наслушнував крцкањето на зглобот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По крцкањето на сувиот под, кловнот знае кај оди другиот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа, така разбиени, живееја и умираа за себе ослободувајќи го просторот за други шумови: суво крцкање и сонливи монотони удари на лизгави поткови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од невидливиот челик, со секое движење на човекот, крцкаше четвртото ребро.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Крцкаше животот, беше претоварена кола упатена кон бездна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Крцкаше тука негде, можеби под постелата на која пред тоа младата црнокоса жена била топла, блага и мека.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Одеше по собата и ги слушаше своите изгаснати чекори, крцкањето на подот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По широките, како флорини, светнати скали долго крцкаа чевлите на мажите и шушкаа копринените фустани на жените. Куќата натежна од свет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не тутунскиот чад и не злото крцкање на столовите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зглобовите крцкаа, жилите се затегнуваа до прскање. „Биди мирен“, рече едниот горило. „Биди мирен и умен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А веќе се смрачува пред него и се меша во замагленост и небото и земјата, и сеќава дека главата му се урива и во устата му крцкаат песочинки. И тоа е сѐ.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Крцкаат рамовите на вратите и прозорците.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Собата е на горниот кат, над кафеаната. Скалите крцкаат под неговите нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По правливиот пат, догоре натоварените коли, крцкаа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А ние знаеме: веднаш и навреме стрчнуваме и го донесуваме нејзиниот стол од другата соба, зашто овој од учителот е малечок и крцка.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сите беспомошно се вртевме околу неа потргнувајќи се од гредите што крцкаа и гламносано летаа заедно со штиците од покривот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Снегулките забрзано налетуваат врз прозорецот и крцкаат како ситни парченца стакло.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Гнилите гранчиња крцкаа и се кршеа... Ги заплиска свеж планински воздух.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе