кошка несв.

кошка (несв.)

Во куќата сум незабележлив. Се сопнуваат на мене, ме кошкаат и никогаш ништо не ми говорат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
10. АТОВИТЕ СЕ РИТААТ, МАГАРИЊАТА ТЕГЛАТ - а може и во лаките коњ до коњот да прета, а магарињата по брдата, од змиските легла, за тие коњски кошкања камшици да плетат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пирејот е троскотна трева, вели, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, вели, таа пак не умира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Двете деца, Пела и Доне, седеа долу, на рогозината и се кошкаа, врсници, а Доне, машала, на мајка му, уште еден бој врз момичката на Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но сега го привлече група пилиштарци, која на дива полјанка кошкаше топка на еден гол.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште при средбата со него во Долнец, забележав дека во него се кошкаат еден опсесивен собирач на голи факти и еден љубопитен посматрач на туѓите судбини, полн со емпатија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- „Да, не го гледам јас дека цел ден кошка топка низ двор”, рече воспитачот, иако беше права забелешката на Банета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)