костим (м.)

АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Наближуваше денот на премиерата. Готови беа и костимите, осветлението, декорот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговото „продавање“ на висока уметност е помалку проблематично во справувањето со костими и физиономии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако овие костими се хиперболични, анахрони и неконзистентни - зошто еден војвода од Милано би носел капа на венецијански гроф, или неаполски благородник би носел холандска наметка? - тие се метафорично делотворни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Капакот летна по вториот удар - дедо Васја седна во гробот во свечениот црн костим, крчеше со устата без половина заби.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ребека навистина беше филм во стилот на сестрите Бронте, романтичен викторијански роман во модерни костими.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
По завршувањето на студиите, паралелно со сликарството, Џарман се занимаваше и со креирање на костими и сценографија за Ројал Балетот и за операта Колосеум во театарот Колосеум.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За евентуалниот недостаток на „вкоренетост овде“ (што можеби ќе го почувствувате), рутински ви се правдаме: нашиот дом под ѕвездите се маргините, т.е. ригите на костимот за капење (што фураат накај хаос, накај непредвидлива сложеност!) на давеникот во примордијалната супа, во млечната каша надробена со ѕвездички од тесто итн - апстрактноста е нашиот дом, така ли, за разлика од концептите за дом на господинот Контра Банда(ш), на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Неговото траспонирање станало влијателно и при правењето костими и во модата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Неговите „фантастични“ скици за костими биле илјада пати копирани и влијаеле на барокниот театар на декорацијата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сакаше Петјушка прав во очи да ѝ фрли - божем, ако однадвор костимот не е нешто особено, но затоа, ве молам, долните алишта се чист памук.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Понекогаш се случува да се посомневам во неговата искреност и да помислам, разгледувајќи си ги нозете, дека и не ми се баш толку никакви туку, напротив, дека одлично ми стојат куси фустанчиња и костими за капење, но тамам во тоа ќе се уверам, ете ти го огледалото, сѐ ќе стори да ме разубеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зад него, на брегот, неколку навивачи, еден во капечки костим, друг во избледена маица без ракави и куси пантолони, третиот актер со минималната чивава, сите со запалени цигари; две фрлени уловени рипки, едната претка, но млитаво, околу другата, неподвижна, се одомаќиле оси.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш се сврте да се враќа и ја виде Горда како и таа се враќа, сега само по костимот за капење, додека со едната рака му мавташе со соблечениот фустан, а со другата ја држеше торбата за пазар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се отвори големата врата на свечената сала. На означеното место стоеше претседателот Хабиб Бургиба облечен во темно-син костим, со бела широка вратоврска, која завршуваше како шал.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Не дозволувај му да те повлече за јазикот“, беше одлучила кога ѝ јави дека доаѓа за да си го земе костимот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас секој ден одев во просторијата во која се подготвуваа костимите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние другите, кои не посакуваа да бидат нешто друго во овој свет, туку сакаа да бидат она што се во еден поинаков свет, си подготвуваа облека која требаше да ги заштити во овој свет овде – си правеа оклопи, или наметки од жица кои изгледаа како кафези; си подготвуваа костими кои требаше да им помогнат да се изборат со овој свет, и во нив се престоруваа во опасни животни, или во ѕверови од некоја фантазмагорија; си подготвуваа облека која можеше да им овозможи да побегнат од овој свет, па си правеа крилја за да одлетаат, или си кроеја облека што не беше облека, туку ткаенина која обликуваше подвижен ѕид, ковчег, камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човекот во сив костим и бела кошула, оној кој и во мое присуство прилично долго се дошепнуваше со Вртанов, најпосле ја собра папката од бирото, му се заблагодари за услужноста и помошта, а потоа, поминувајќи покрај моите нозе качени на бирото, го задржа за момент својот студен и безизразен поглед на мојата дребнавост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе блеат како телиња, ќе зеваат како мамлази и едвај ќе чекаат да дојде паузата за да ги покажат своите најнови тоалети и костими со кои ќе го истакнат својот статус у смрдливата универзална сала која патем не е реновирана уште од кога е направена и за која не се знае кога ќе ѝ падне таванот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе