кит (м.)

И секој ден донекаде стигнувавме: ја гледавме Америка, Азија, Африка, нилските коњи и крокодили, се качувавме далеку во северните краишта на Земјата и гледавме: бели мечки, ирваси, китови и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но китот си е кит, со опашот и мава и гали...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Така пиејќи еднаш капетанот Џек сонил - по гусарската палуба голем кит го гони.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Најмалите од Сибир и најмалите Ескими од некој глечерен рид ловеле за Чук Нам риби - Ескимите му фатиле и кит.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Најбогат беше асортиманот на рибите и морскиот свет. Од сето она што се нудеше овде, не можев да забележам само месо од китови веројатно и од ајкули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беа по ѓаволите сега... од другата страна... во Канада... и други во Австралија... со сите едра дигнати... Собираа китови...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако некој се наведнува преку прозорецот од другата страна на проѕирниот свод меѓу вообличеното и невообликуваното значи: Нептун се наведнал Посејдон посегнал, стрепел страотно китот убиец во височините се нурнал свикнат на дно, на бездна свикнат на најкусиот пат до центарот, внатрешниот круг на Психе до замислената точка, мигновената морфема: едната глава на едната, другата на другата страна, оностраната медузо, пијавицо осмоока стовариште за back-up фреквенција за реставрација, свргни ја од власт формата, поведи двобој восторжи ја публиката, гледалиштето дејството изделај го зад кулиси, класично спушти го пердето, занишај ја сцената оддалеку навева Вишниот виши, виши вишнее а под него тлее водена артикулација – Сѐ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Левијатан: бел кит - пофалба на Моби Дик од Херман Мелвил - Одмаздата е бел млаз, отровен Жрец Човек не ти е рамен твојот пат, божји прст вперен и прав одек на екваторот заледена душа во топли води одмаздата е млаз, езди на југ!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)