касне св.
касни несв.

касне (св.)

Ја повели, седни, и на малку леб и сирење касни, да тамо ќе се разбереме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ајде да јадеш, Костадине... Да каснеш, да се поткрепиш... (Јадењето е сиромашно: црн леб и чорбест грав).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ПОЦКО: Касни малце, па ќе се разјадеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кај сите и тој ќе каснеше, има. Или, машка работа, заборави?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: И, како било, да ти дадеме. Досега пиеја маживе пак рекоа да го фрлам, да побрзаат да каснат пак да излегуваме. Кате, донеси го пагурчето!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Реков бре, брате, ќе се подрасправи додека каснеме и дојде за излегување, а тоа и не мисли да престане. Си нареди цела педа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Митра вели: „Може да не чинат за литургиа, токо пак надробете и со дедот поп за навора или клај му и во торбата, лека си касне, стар човек е“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Божји благослов, бре Беле, — му одговара другар му Митре Србјаков и му го подава половината излупено јајце. — Земи, земи касни, за ногу години!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Да може да касне и спаијата, оти како шо гледате, човекот и без заби е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите знаеја што змија ги каснала.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повелете, што се вели, мевце пресно каснете, посилни ќе станете и подолго ќе живеете!...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од оваа црна планина Трошка земја ќе каснеме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Јас токму зедов нешто да каснам додека ти да дојдеш.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Треба да се најде нешто за каснување. (Станува. Трга кон кујната.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ќе каснеше три-четири залаци и ќе пиеше долго и мрзливо вода и потоа легнуваше на грб.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа: - Касни; татко ти те чека в дуќан.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Касни, душо, убаво е ... ѝ шепоти мајка ми.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Виде Димче Волшебникот една птица и си помисли: „Нека птицата се претвори во лута оса и нека го касне непослушното маче!“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А- А сега да каснеме малку па да си прилегнеме. Ако не ти се спие, ќе си прикажуваме. Уште не сум ти рекол сѐ за Волчарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А сега да одиме да си ги видиме децата и да каснеме некое компирче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе