канализира св. и несв.

канализира (св. и несв.)

Пак ќе ги користам наводниците, иако ние разбираме и така натаму: „/првата формула/”, напиша Џери со зелениот кели фломастер преку левата страна на уредниот задник на својата делумно заспана љубовница; на исто толку привлечната десна страна на таа млада дама потоа додаде „/друга формула/“, премостувајќи го нејзиниот процеп и канализирајќи ја неговата отмена точка- запирка со еден издолжен знак за еднаквост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со своето страдање и ризикување таа ги нарушува нивните рамнодушност и непријателство, ја канализира нивната одбојност освестувајќи ги во однос на она што го поседуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се согласија, иако за разлика од неа ги сакаа рутините, тој канализиран, доблесен начин на живот на избегнувачите на возбуди, и на граѓанската класа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Единствено што ѝ остануваше беше болката да ја канализира во еден правец, а таа со учењето да тргне во друг правец.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)