каменест прид.

каменест (прид.)

Колата тркаше по каменистиот пат и се нишаше како лаѓа на бранои, де на едната де на другата страна, како да ќе се преврти.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Десно од патот се двоеше тесен каменист селски пат, кој што водеше направо под планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
До нив допираше нејасна врева од многу гласови, песна и тврди удари по камениста земја.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Внучиња, оваа каменеста родница не родила и сева корија и сиов камен што го гледате била - вие.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Мене оваа каменеста родница ме родила и овие стебла веќе што се веднат во кората моето име го чуваат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Заборавен вишнеам на овој црн каменест пристан со крепкост за да ја хранам неизвесноста врз мене на мојата кора пластје напластиле заплашувањата но секојпат суров бев кон слабото.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Лебдееше во некој песочен крајолик, нималку на лик на каменестиот брег на островот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Изгревот затоа што од првите до последните зраци риеја во каменестите планини, а заодот затоа што од последните до првите зраци, истоштени, гладни и жедни покрај вода честопати беа будени и терани да ги слушаат лелеците и криковите на тие кои ноќе беа тепани, горени со усвитена жица, давени во кофи наполнети со човечки нечистотии и дење изложувани на потсмев.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По каменест и трнлив пат до успехот, се сопнав, станав посилна кога еднаш, ме победи, станав помудра...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Коњските копита рамномерно во забрзан кас удираа на каменестата патека.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)