кама (ж.)

МАНОИЛ: (Со гола кама во рацете потрчува кон вратата.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Првата кама извади дружина кога поведе, втората кама заглувна кога се фрли на борба третата кој ќе истргне?
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Втора му кама удрија кога ја Спиро продаде Љуба во село далечно на човек в двојни години.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Прва му кама забија, кога го овчар пратиа и го од златно видело еднаш за навек тргнаа.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Гледај... Од внатрешниот џеб на палтото извади остра кама со дршка од козја нога.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Престанаа да си одат, да си идат на гости, престанаа да се женат и мажат со „Грци" и „Бугари" и од вчерашни браќа, братучеди, стриковци, вујковци, кумови и светијовани, станаа смртни непријатели и каде се сретнуваа по пазариштата Прилеп, Битола, Лерин, — секаде ги остреа забите едни на други и се чекаа да се исколат со острите ками, што обично ги криеја во самарите од маските или магарињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Точно во тоа време ме известија преку тајни канали дека Сталин бара да се прекине со дотогашните методи од кои помодрував: ме следеа, провокаторски се обидуваа да ми поттурат леб со здробено стакло во тестото, ми се закануваа со нокти и со ками.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да, клунот е одбрана и не е никаков нож. Ни скалпел ни кама, туку обичен клун.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Овие зборови како со кама го прободеа кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нарачаа жилаво месо, го кинеа и гореа. Се менеа: беа испукани ками. До чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
После затрудне сестра му од некој коњички поднаредник а тој во богословијата ја остреше својата кама и се колнеше дека ќе го убие тој човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вчера, вчера, кога врната крв не ги изми црните гревови, тој твој долг и распашан појас во кој заденуваш кама на бесна смеа, бесен вепру.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ФЕЗЛИЕВ: Ви благодарам. (Заборавајќи на Неда, ја вади камата и со остриот врв се обидува да ја истера тапата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Неда е скаменета од сечилото на камата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На ременот од појасот секој носи како змија остра и светла кама.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако ја изневериме, камата да ни се зарие во нашето срце, револверот нека го пробие нашето машко чело! Смрт или слобода!“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце стана. Од појасот извади нов револвер и остра, светла кама, со бела коскена рачка.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Самиот мудур ја извади острата своја кама и му ги насече жилите и на поп Димитрија, кој одамна беше изгубил свест.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се колнам во верата, совеста и честа дека ќе работам на ослободувањето на духот со сите мои сили и средства и дека никогаш нема да ги предадам тајните на револуционерното дело, а ако тоа го сторам, да бидам убиен со овој револвер или со оваа кама што ги бацувам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе