калибар м.

калибар (м.)

Очите веќе му беа бистри како кога се врати без револверот со калибар седум шеесет и пет бо уште со пасошот в џеб, со таа црвена книшка на магиска моќ да се отиде во невидени светови или на иселеничка плашлива надеж дека човекот може да најде и втора татковина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој Антуш Крстин и сите домашни ќе се во коцката слични на преголеми заробени молци во илјадагодишен калибар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Старо одртано мажиште, не поради годините кои ги носеше на својот грб, туку поради годините поминати во разни сплеткарења, во непотребно расфрлање на сопствената енергија, во мачо пијанчења, во неизмерливо долги часови играње покер, на(д) жени од секаков калибар и ранг, на влечење по скиснатите, извалкани подови на околните барови.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Види Петар, шо се однесува до мене, јас те знам и ме радува шо сестра ми – иако криела - се среќавала со човек од висок калибар како тебе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А маж од неговиот калибар сигурно сексуално не апстинирал толку долг временски период, колку што беа разделени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)