иње ср.

иње (ср.)

Тоа секако, некаков бавен полуслеп коњ влече чкртава кола и го тресе стариот колар и самиот бавен и полуслеп, со многу иње на обрастеното лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Надвор е студено. Стаклата на прозорците се покриени со иње. Бели се и преку нив ништо не може да се види надвор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Поминале години многу, и јас сум со иње в коса, но сите вас сѐ така свежо во срцето свое ве носам.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Судејќи според изразот на лицето, тој беше интелектуалец, иако, од друга страна, требаше да се биде внимателен поради густата брада што оддалеку потсетуваше на иње и очигледно беше одвратна за допирање како тркалото за острење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)