истуткан прид.
истутка св.

истуткан (прид.)

Ќе чита ли некој? Книгата беше стара и распарчана, со жолти и нагорени страници, истуткана од носење по џебови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Облеката му беше стара, истуткана. На ракавите и на колениците имаше големи крпи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нѐ освести зората, нестрплива и гласна (сигурно и таа изгубила нерви) те фати под рака и одлучно те поведе оставајќи ми ги истутканите дипли на улицата, тешки, наводенети од вчерашното водопролитие. Таа знаеше што прави со рацете.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Реков: „Да ви објаснам. Кога на лицето има премногу непотребни изрази, тогаш тоа лице наликува на истуткано парче хартија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога тој одобри, на ибн Тајко в миг му се стори дека го гледа својот погибелен сон: бегот ја дава дозволата, си рече, поради задоволството што ќе го има, раздиплувајќи ја неговата истуткана душа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
длабоки ископини леи нива сепак ровови железни птици бучава луѓе зелена боја лице маслинови гранчиња чизми шлемови куќарки вреќи песок писок на деца на жени плач делови екстремитети старци глави прошетка без тело мршојадци храна конзерви знамиња шарени искинати ветер вее чад пламен чад пламен куклен театар отсечени глави поле посеано мини калинки оловни зрнца искинати страници свети книги молитвеници љубовни писма парички објективи камери од небото бомби микрофони од небото храна гребаници лице исекотини раце истуткани фотографии плускавци стапала урнати мостови нејасен шуштеж радио станица не музика нејасни наредби пеплосани амајлии урнати мостови немој! немој! бело знаме Тресна на подот и повеќе не гледаше никакви слики.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Немаше пљачки. На подот беа останале само книги со истуткани хартиички, лепаци, ножички, моливи и гуми - доста ситни остатоци од голем нескротлив неред.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ќе бегаш кога ќе ги препознаеш, додека меѓу луѓето во голем трговски центар, со отворена здравствена легитимација и стари истуткани резултати ќе просиш за лекови...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)