испее св.

испее (св.)

Токму ваков Делчев остана и во споменот на народот, поради што за него се испеани и најмногу и најдобрите македонски револуционерни народни песни, во кои македонското национално обележје е особено потенцирано.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АРСО: Тоа е приказна за дечиња, коџабаши, прикажувај ја ти на внучињата твои, а нам ако сакаш една песна да ни испееш, ама весела, бујрум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ај бре вујче, испеј една песна!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се надевам, дека невестава уште поарно ќе ни испее.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таков бил и Луман на кого луѓето до селото под Пелистер му испеале песна што и денеска се пее и го чува споменот за човекот што го заплашил народот и за едни добри луѓе што биле комити ѝ му платиле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Селаните и песна му испеаја на Лумана, песна во која никаде не се спомнува дедо геро војводата ниту пак некој од неговите комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А утре ќе испее песничка за него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да, секако ќе испее, а таа песничка можеби ќе изгледа вака: Фатив зајче мало, си играв до мрак. Вечерта под глогот го оставив пак.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А на бреговите на оваа река големиот германски поет Хајнрих Хајне ја испеал многу познатата песна „Лорелај“, инапириран од народната легенда за една самовила, која со својата убавина ги омаѓосувала сите што ја гледале.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Песнава моја е ѕун на полето - еднаш испеана стопати ќе екне.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога стигнавме двајцата во родното ми место Струга, вечерта посака старата ми мајка да испее (богарска песна) која што си ја запиша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За оваа борба народот му испеал песна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го чатеа лично Максим и еден прилепски поп, прота, а неговите, Јосифовите ученици пред отворениот гроб испеаја една песна на која беше сам тој ги изучил да ја пеат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Испеав две македонски песни и сега ќе пеам една шпанска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Однесете го сега во јама, се прекрстил Симон Наконтик: негде зад него, без некој да му помогне, Васко Тушев го спрегнувал добитокот во својата двоколка и во двоколките на мртвите Јане Крстин и Пецо Дановски и само со влажни очи, понекогаш, барал утеха или охрабрување од мартовската соголеност околу себе: ако бил поет ќе ги испеал најтажните стихови на својот народ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оти кој не ќе научи да ја испее азбуката тој понатаму на училиште, нема зошто да доаѓа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сепак, не заборава да ми испее песна и да раскаже приказна на своите три убави ќерки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе ти испеам песна со која од денес птиците ќе го пречекуваат гавранот Гавруш Гаврушевски.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе