земски прид.

земски (прид.)

– А-А-А-А! ОВАА НЕ ЈА БИВА ВАКА – се замислија повидните луѓе од сите мариовски села на чело со земскиот кмет Димитрија Сталев и почнаа да мислат како да ја избегнат опасноста: со спогодба – покорност – или одбрана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште рано премина и тој преку Црна на Чебренскиот Мост, каде што му излезе во пресрет поп Пејо со десетина вооружени момчиња од земската чета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стојан и Јован секогаш беа готови. Готови беа и нивните другари, пет од земските сејмени и двајца братучеди на Анѓа – еден од вујко, а друг од тетка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во одежда на страдалник Гледа Арсенија Лилјак прелетува над него во мракот И низ прозорецот на костурницата Удира во полиците со черепи Врз ки е врежано Герасим Ефтимија Павле Копајќи со прсти по земјата Меѓу летото и правта земска Греда Арсенија И ластовичка во залезот како прелета над реката и застана на крстот спроти него.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Неопходната синтеза на земските хранителки (козите и козарот Чанга) и интелектуалното присуство (таткото) е цврсто поставено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А козарите, загледани во ноќниот танц на ѕвездите, охрабрени од земските сокови на последните тревки што ги брстеше козичката, погледнаа кон небото, небаре ги молеа божествата да ја одржат жива храбрата козичка до блесокот на сонцето. ...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Давењето по броеви“ своите поаѓалишта секако ги има во народните преданија и во симболиката на пејсажните игри и правила, Миметичките и дидактички својства на ликовите и односите што ги донесе квартетот „Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“ ја отвораат вратата кон алегоричниот ужас на земските закони и појавниот свет. okno.mk | Margina #8-9 [1994]
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мислам дека денес е лесно да се исчитаат тие апстрактни шеми, зарем не? (Треба временски да се утврди нашиов разговор: воочи необично „земската“ фаза на војната).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кумарасвами, кого овде го следиме, упатува на одредени земски паралели.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако класиката го интегрира скриеното во „чистотата“ на разбирањето, а маниризмот посакува со дезинтеграција на „нормалниот“ земски темел на земјата, нештата и човекот, да го открие скриеното, кој од овие гестови за нас ќе има поуверлива сила во „принудата“ на откривањето на апсолутот?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да пробам, значи, со букви да опишам, иако однапред знам дека описот неподобен ќе биде, на видението: музика беше тоа од најфини тонови, најзвучна, и затоа што најзвучна е, увото земско не ја слуша.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега ќе го убијам! –бесно викаше Еразмо, очигледно обземен од земските слабости на душата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Смрта не е ништо таа е природна, па јас можам да се справам со неа, ама ова горест... ова чудо од измачение на камбаните кои предсмртно биеа во мене сотрувајки ме до последно зрнце... јас не се гледав повеќе себе..... само некоја земска восочна фигура врвеше низ песпатот, тркалајќи се во густиот снег...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Едноличните земски слики неподвижни стојат, отсечени една од друга, му создаваат мачнина: во еден миг една, во следниот миг друга, додека не доживее просветлување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Одење по земскиот пат. Простор, растегнат високо над снежните планински врвови, под небото покриено со тешки снежни облаци.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Доследно стоиш пред земскиот бог го следиш твојот неприкосновен идол идол кој уништи иљадници животи и сѐ повеќе наликува на ѓавол
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Земскиот бог те фрли во арена опкружен со злите кучиња за прести а тој одозгора сеирџиски ве гледа и смртта ваша за него е фетиш
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Материјалните работи и сите други задоволувачи на сетилата, кои се од земска природа, се грешни. Водат кон зло и егоизам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Гледајќи го својот земски бог погледни малку во бедотијата своја ништожен поданик, нималку вреден жеден за внимание, беспомошен слуга Коленичиш пред тој изрод и крвник во твојата внатрешност сѐ е пусто обезличен дух на обичен смртник со мирис на катран и горчливо чуство
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Стомаче несоодветно за годините, што покажува дека е уживател во земските благодети, меѓутоа, поседуваше шарм уникатен и вреден за внимание.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повеќе