заштитнички (прид.)

Околу полноќ, по многуте попусти истрели во заштитничкиот камен, преку луѓето минал бран кобна тишина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Младото, цврсто тело, сега беспомошно во сонот, разбуди во него сожалувачко, заштитничко чувство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О, бездушно, о, непотребно недоразбирање! О, тврдоглаво, своеволно бегство пред заштитничката љубов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сонот беше сѐ уште жив во неговиот ум, особено она обвиткувачко, заштитничко движење на раката, во кое како да беше содржано сето негово значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сакаше да стане, сѐ уште не можеше да се оддели од заштитничката прегратка на постелата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)