запее св.

запее (св.)

Кога на пролет благиот југ ќе запее и јас со него заедно гласот си го здружувам: белки Костадин ќе чуе, скоро да ми дојде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ФИДАН: Море, Зафире, запеј нешто мераклиско! Баре песната да нѐ окрепи!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ајде, посмеј се и ти, запеј им некоја за нив да видат како боли.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таман што кумот ја крева ногата да заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се фаќа на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не можеш болка да кажеш, на мајкин роден јазик свој песните што ти пеале над тиха лулка шарена, не можеш да ги запееш, дедовци што ти шепнеле на скут во ропски години не можеш да го повториш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
И неочекувано ќе запее, во грлото потопе му клокоти.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Исто така тивко и жално Јоне и Геле ќе запееја по него: Имала мајка девет синови, Десетти пусти црни Ѓорѓија...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Од овде до море...“ Запеа тој некоја непозната песна, и кога зборовите почнаа да се судруваат, да се плеткаат, очигледно во тој час измислени, морето предизвика друга мисла и еден збор, повторуван со различни тонови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И запеа. Луто, плачно, крваво. До крв и за крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Савка живо се приготвуваше, понекогаш и ќе запееше: пред гроздоберот попот ќе ја благослови и таа ќе појде во куќата на својот чекан маж и не ќе се плаши веќе од потсмешливи погледи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сега напразно чекаме да викне „Мадонца, фантје да запееме, еј.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А ти може зад селото со гитарата верна би сакал да запееш пак?
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Грлото е на тебе Песната е во нас Запеј, запеј Караорман.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се успокои, па викна дури и запеа. После спокоен, им дозволи на другите да се изладат во бујната Црна, која беше полноводна и пролетва, како есеноска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таму заѕвечи и весело запеа среброто, како да имаше душа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сфаќаше: од тројцата тетреби, во гнездото на Марија можеше да запее уште еден - тој.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Данче погоре го поткрева фустанот: Баш ми е гајле, ако сакат и келнерот нека го исправат овде да им запее...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Запеа некој приглувнато и зареди - тага; никогаш недоискажана тага на печалбарскиот живот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
(Пие. Откако ќе сврши со пиењето, запева, тешко, со болка, пијано: „Како ќе ја минам мајко, Таа река Вардар, Матна и крвава...“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе