забаботи св.

забаботи (св.)

Првата зима печката забаботи. Се стопли куќата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Рикна и по трет пат бикот, го откачи черчевето од џамот и фркна и забаботи кон оградата на кожарата, десетина метри над кланицата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А пак тие зачекуваат на старците да им се скорнат некогашните мераци, да им забаботат дамарите од далечните спомени за ората среде село, нозете да им се раздвижат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Завали го, Јани, огништето. Да забаботи како пампур.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)