еве (чест.)

И нема да дозволам, еве, на зборот си стојам, смртник да пречи од сега“.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– „Ако не веруваш, Силјане, оти човек се прави штрк, еве јас ќе се искапам за да поверуваш".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ха, еве ти, Силјане, тебе работа како што бараш, му рекол анџијата на Силјана, на нога да шеташ по селата“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Еве зошто ние знаеме сѐ што имате дома, Силјане, му рекле, оти ви седиме на куќите; ние се правиме штркови, Силјане, и ви идеме во вашето село и во сиот вилает ваш“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Еве што означува: Македонците беа крстувани со национални имиња со кои тие се разликуваат од другите соседни со нив народности, т.е. од Турците и од Грците, па и од Власите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
154. За првото еве што може да се рече: Македонците сите заедно се викале Срби не повеќе од педесет години, а во некои делови, и тоа во северните, нека било сто и стопедесет, но не и повеќе години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
156. Кои се тие историско-културни услови што нѐ присилуваат: прво, да си создадеме свој литературен јазик и, второ, да си го избереме имено централното наречје? Еве кои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СЛУГАТА: Јас и твоите работи ги приготвив. Еве ги!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
НАЦА: (Влегува со елекот.) Еве ти го елекот, чорбаџи Томче.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Саатот. Еве го иде.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
(Ја клава во устата, ја запалува со својата и му ја подава на Теодос.) Еве, ти куме, завиткана и запалена!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СОФРЕ: Ќе дојде. „Да вечерам — рече — и еве сум станувам“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНА: Еве, овие се, се насобрале на пенџеринава и ѕиркаат да го видат вујка. (Жетварките се отстрануваат од прозорецот.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Оди постели, еве сум ќе дојдам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Еве, и така јас ќе одам до каде вујка ти, а вие работајте си и, место да водите какви и да било разговори од љубов, пејте си.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Седни ти и напиши му едно писмо вака: ти речи, пријателе, си се оженил пред една недела, а јас побрзо те разбирав колку ум имаш и еве еден месец откако сум омажена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мрдни — Саветке, да би не мрднала од местото, оти еве се стемни.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Еве, нашиов водоносец: ние сите се трудиме, а тој ни се качи на глава со своите ѓаволии.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се чинеше дека немаат крај, се губеа некаде во мрачната подводна далечина. – Јас вечно ќе ги цицам соковите на земјата и, еве тука ќе ги исфрлам, како в море ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И еве сега, без карти, застојани до отворениот прозорец, јурат со железницата низ темната ноќ, а прохладниот ветер си игра со нивните немирни коси.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Повеќе