дипломиран прид.

дипломиран (прид.)

2. Го посетивме и директорот на Јавното комунално претпријатие „Водовод“, дипломиран инженер и технолог.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Божем го смениле затоа што Сврделот беше само со осмолетка, прикрпена по војната, а тој Граматниковски беше дипломиран правник!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Полномошник на странката може да биде: 1) адвокат; 2) лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и 3) роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар – доколку е потполно деловно способен (чл. 81, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, ако вредноста на предметот на спорот надминува 1.000.000 денари, полномошник на правно лице може да биде лице кое е дипломиран правник со положен правосуден испит и кое е во работен однос со правното лице (чл. 82, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во работните спорови работникот како полномошник може да го застапува и лице дипломиран правник кое е во работен однос во синдикатот чиј член е работникот, или во сојузот на синдикатите во кој е здружен синдикатот чиј член е работникот (чл. 406, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)