дечко м.

дечко (м.)

Му се јавив на Брус Стерлинг во Тексас, и му реков, „Дечкото се модифицира; може да прави традиционални стимуланси. Кажи, што може да добие?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ноќва, дечки, станувам мома што бие бој.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Марија слатко јадеше. Ги распрашуваше сестрите за дечковци.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дечко како мене може да биде прилично корисен во работен логор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прашањето гласи: „Имаш ли дечко”?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дечко не ти е, исто така? Не ми е ни маж, ни дечко, се смее таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш ја прифаќам шегата, а понекогаш имам желба да му скокнам и да го убијам, особено ако се најде уште некој кој ќе ме земе во одбрана и ќе рече: „Мала е таа сѐ уште за дечковци. Не ѝ е уште време“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаеш, се чувствувам како ученичка што избегала од дома на првиот состанок со дечкото.  - Избегала?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Арно, си нашла дечко. И сега доаѓа главната дилема.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Жените со малите дечки и нив ги одделија, а тие жените, што беа во бело облечени, по секаде почнаа да нѐ прскаат со една бела прашина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така при запалени боринки се собиравме во една одаја сите што бевме останати во селото, ги одврзувавме црните шамии, врз нив ги стававме кадрата на нашите дечки и ги гледавме, им шепотевме, а тие само не гледаа и не гледаа, а ние со шепот им зборувавме и со лесен допир, со прстите им галевме образи и чела, со болно навлажнети усни им бакнувавме очи, а тие само не гледаа и само молчеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Секоја мајка сакаше одделно да го опита за своите дечки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нешто ни е нервозна у последно време па со никого не комуницира, а и дечковците кои ѝ се пуштаат ги игнорира.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Дечко ми живее кај мене речиси два месеци. Малку ми здодеа од него. Заедно сме по дваесет и четири часа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Многу често, додека ги влечев вреќичките по плочките во трговскиот центар и се килавев како маченик, во црната темница друштво ми правеа мачките и напуштените кучиња што се грееја во тунелите... и еден млад дечко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Првата интимна вечер со мојот таканаречен дечко се случи некаде при крајот на неговиот престој во болницата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ама, ако сакаш, а време ти е да одиш со дечко, има начин секогаш да излажеш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За помалото и поголемото Немаш дечко, немаш, па одеднаш – оп, две прилики! И тоа добри. Едниот од Танзанија, другиот од Танганики (ако постои таков географски поим).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја прашав да не случајно го знае Стомачето и ѝ раскажав дека ми беше дечко и дека живеев со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повеќе