деформиран прид.

деформиран (прид.)

Апсењето на стариот крпач Адам го заборавија, бракот на писарот и бабицата тромаво и еднолично течеше - без разделба и без деца, агентот не претставуваше веќе никаква новост; се заситија луѓето од него како деца од дрвена играчка, скршена и деформирана, на која ѝ се излижала бојата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Раѓам недоносени деца, деформирани плашила, секакви инвалиди.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Како можев на татко ми било што да му речам за неа, кога ќе го видев неговото деформирано, будалесто лице, беспомошноста и очајот во неговите очи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но, пред сѐ, според нас, Ботеро како уметник на новата Ренесанса одново ја откри перспективата, другата перспектива, не обратната и не деформираната, туку, како што веќе беше речено, ботероморфната перспектива во која фигурите ја преземаат формата на просторот, се зголемуваат како просторот и самите го оформуваат просторот...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако го ставиш во компјутер, ја губи својата мистериозност, станува блед и деформиран.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Излитено палтенце. Демодирани чевли. Деформирани. Стара, кожна, излижана од долго носење, јакна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Колата налетала на знак за кој селаните тврдеа дека никогаш не го виделе, огромен, сега целосно деформиран патоказ, на кој со бели букви имаше испишано само еден збор - МУЗЕЈ.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Некои нозе и раце беа ужасно деформирани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мислите ми се деформирани, презирам, сакам, проколнувам, простувам, заборавам, зошто чувствата се неменливи, фатални и опскурни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)