делка (несв.)

Протегна рака и од босчето исече едно подебело парче, па си зафати да си делка црцало.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Делкај цела ноќ“, и тој делкаше сега со показалецот на среќа, но сето тоа беше напор на жеден човек што цеди капка вода од сува земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Делкај цела ноќ, ќе успееш“, го храбреше и пиеше на негова сметка ветувајќи дека заемот ќе му го врати во оној час кога ќе се обогатат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И почнуваме: Васе до мене делка некаква прскалка што шмука и исфрла вода.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Тој лани седеше во неа. Тој имаше остро ноже и везден делкаше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Право е оној што ја делкал клупата да седи во неа, - мирно рече учителот Мирчевски.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дедо Димо стоеше потпрен врз дршката од секирата со која до пред малку нешто делкаше и немо гледаше во двете момчиња.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пак излегоа во ходникот каде што оној војник делкаше друго јаболко.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
(Куќата на Андреевиќ. Димитрија го делка своето дрво, Ацо и Андреја разговараат, Марија гледа во карти, Вера пее, Симон спие.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Пауза, Димитрија делка парче дрво со џепен нож. Вера чисти. Марија седи и гледа пред себе. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
АНДРЕЈА: Реков. (Пауза. Димитрија делкајќи го своето дрво го сече прстот. Пцуе под мустаќ. Ја цица крвта.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И така: едниот - платица, другиот - плужица, платица, плужица, шарена марена, татко си делка, а Давиде клечи пред него, се чуди и не знаеше дали не знае или само се инаети.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ајде, сега делкај, учи се, ми вели и тргнува по скалите, влегува дома. По него влетува и Давиде Недолетниот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Делкавме главини, лактишта, спици, ражништа, растоки, јареми. И сите работи што им требаат на коларите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го делкале неговото стебло, но глужд до глужд останало црно, испупчено.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Луѓето го заборавиле. Дури, згора, тој и некакви педалчиња делка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во таа ноќ луѓето делкале од тврдо црешово стебло топ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Делкај цел живот, влечи како говедо и еве: мака мачиме со земјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе