грип м.

грип (м.)

Во неговиот стан под керамидата беше влажно и студено и затоа често настинуваше и боледуваше де од кијавица, де од грип или од некоја друга болест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Само што си отиде тој, пристигна мајката на жената. И, за несреќата, започна епидемија на грип.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И мечето има грип Зоки е болен од грип.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ако е до тебе и тоа ќе се разболи од грип.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ама не знаеш ли? И Сламеното Мече е болно од грип како мене!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој веќе беше стар, вкочанет, грозничав, тој имаше настинка, грип и воспаление на бели дробови во исто време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Ах, не! Не, не, тоа никако! Јас кај Шулц; кај мене, знаете, компликации се појавија, прво градите ми ги зафати и кашлица, потоа настинав: градите и грип... и ете, сосем неочекувано... сосем, сосем неочекувано“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На другарките им кажа (јас прислушнував од машкиот тоалет кој од женскиот беше одделен само со ѕид кој не беше доѕидан до таванот) дека имала тежок грип.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека Влаинката се растрча по комшии да бара млеко и бибер за чудниот гостин, Марин Крусиќ, според трговскиот манир, направи да не изгледа неблагодарен, па веднаш почна да раскажува за медитеранските новости, една од кои беше и грипот што сега владеел по пристаништата кои се во моментов под карантин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марин Крусиќ пак се исекна, извинувајќи се немоќно за можноста да им го предаде грипот и на рибарот, и на Влаинката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Им го остави и грипот, ама на младичот и еден несфатлив немир што тој не се обидуваше да си го објасни, бидејќи треската го зафати со таква силина што веднаш го кутна в постела.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тие денови, по будењата, се обидував да се убедам себеси дека треба пак да ја посетам Клара, и веднаш наоѓав изговор – во Виена имаше епидемија на пневмонија и шпански грип, и секојдневно умираа стотици луѓе, беа затворени училиштата, театрите, операта и кино-салите, се препорачуваше да се излегува од дома само кога тоа е неопходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Поради тоа ќе треба самата да измислам некој нов термин, за некаква нова болест што ќе ме карактеризира само мене (хмм... којзнае дали ќе можам, дури и свински грип измислија), ... и јас, така да речам, ќе бидам основачот на таа болест.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа е најопасна болест на денешницата. Посмртоносна е од сидата, побрзо се шири од ракот. Позаразна е од грип.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Или дека свеќи треба да купи од тебе, малку се скапи, ама се волшебни и димот од нив удира баш во правец на несреќата и лечи сѐ, од настин, кашлица и грип до бактерија, туберкулоза и рак, заедно со сите пороци, па дури и зависност од цигари.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)