графикон м.

графикон (м.)

Се ближеше крајот, а графиконот закачен пред бараката на штабот покажуваше дека ако се продолжи така знамето нема да се развее над логорот од нивната бригада.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
До небо плакати дигнете горе, да блесне, норма - графикон, да екне песна силна ко море, да татни вишен небосклон!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тоа е нешто како чипот во компјутерот што е просто едно парче во кое нема ништо а сепак продуцира мисли, цифри, графикони, цртежи, со еден вид мислечки процес.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Бидејќи за хипертекстот е карактеристичен спојот меѓу текстуалниот, визуелниот, кинетичкиот и аудио елемент, во ваквите креативни игри беа вклучени: графички елементи, било цртани било оние што веќе се дадени во софтверот; промени на фонтовите биле користени да ги обележат различните гласови или гласовни елементи; користени се и посилно осветлени зборови, симболи и знаци над редот, маргиналии, мапи на пределите или мапи на патувањата; употребувани се и документи што не се типични за „онаа“ литература (статистички графикони, статии од весници, филмски сценарија, фотографии, бејзбол- карти, одредници од речници, омоти од рок- плочи, астролошки предвидувања, медицински и полициски извештаи...)
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Правеа анализи, графикони, поставуваа поставки, се жестеа, длабеа, но никако да го откријат подмолниот уривач.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Која година е тоа? 1939 или 43? Овулациите на расположението се регистрираат на графикон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)