градител м.

градител (м.)

По блескавите, обгорени од сонцето, запотени лица на младите градители, се сливаше пот како мали вадички по сува напукана земја.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Учители, учители драги, на небото мое ѕвезди сјајни, учители, градители мои, во спомени ќе ве носам трајни.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Примерен другар, примерен пионер, примерен скоевец, примерен градител.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со орел од ноќни пеперутки, мртвата божица бара опстанок во сонот – градител.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Гавранот се покри со паунови пердуви: ги опчинувал ноќе жените и им земал залог, медалчиња од времето кога селските активности ловеле контрабандисти, крадци на цемент и тули за здружниот дом; со медалите се присвојувале и секакви значки, конгресни, градителски, слетски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најпосле, дошол стариот градител кај царот и се фрлил на колници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По многу години, стариот градител, веќе на патерици од пуста старост, дошол со задув кај царот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие не се согласуваат да станат работничка класа и градители без нивните кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше повеќе од јасно: козарите не станаа работничка класа. Големите идеали на партијата и градителите на социјализмот беа изневерени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога фантастичното ќе ме пресретне (понекогаш сум и јас посетител и моите приказни се раѓаат од доброто, взаемно воспитување долго дваесетина години) си припомнувам на засекогаш извонредниот Игоов фрагмент: „Секој знае што е едрена точка на некој кораб; точка на пресек, центар таинствен дури и за самиот градител на коработ, во кој се сретнуваат силите распрснати по целите развиени едра.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На надгробната плоча на нејзиниот градител стои еден натпис кој изгледа како некаков таен запис.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кој тип луѓе најмногу ги сакате? Градителите. А кој најмногу го мразите? Рушителите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Секој жител на земјата е градител и бранител на бункерот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Продолжи веселото друштво на масата да пие и да се весели, а јас овде продолжувам да го водам антисталинистичкиот бој како амбициозен балкански Дон Кихот со бункерите – ветерници и наредбодателите на нивните градители...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Трагедијата на градителите на Беломорскиот канал во свеста на биологот Цветан Горски, додека го слушаше својот учител, значеше и трагедија за северната руска јагула, за милијардите жители на северните реки и езера, кои стануваа жртви на непредвидливото менување на нивните живеалишта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А пак кога почнаа градителските работи на водоводот на крајот од април, пишувањето сосема го урнисав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ах, новопечен градителу, нека ти помогне Големиот архитект на небото, создателот на сите светови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како што гледате манастирот е изграден од камен и тули што се подредени мошне вешто, во стил на средновековните градители, подредени украсно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зашто уште до вечерта дознав дека Баџата уште вчерадента го затвориле, а мене, зошто на висока функција, прво ме сомлеа низ критики и самокритики, ме исклучија од партијата, ме сменија од функцијата и поминав само со една година физичка работа како градител на одморалиштето во Отешево, во Преспа...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе