весел (прид.)

Рацете таа ги кладе врз Кузман... - „Се надевав - писна, - ој Кузмане, дека како младоженец в зора девојките ќе ми те облечат; тука ќе екнат весели, свадбени ора.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Многу видех, многу знајам и теглих ја многу откак себе помнам, синко, и до ден денеска не с'м видела ден јасен, весела година...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
АРСО: Тоа е приказна за дечиња, коџабаши, прикажувај ја ти на внучињата твои, а нам ако сакаш една песна да ни испееш, ама весела, бујрум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тоа ти е: широко срце. И весело.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Нас сите здрави, живи и весели да нѐ најде!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: (не весел). И јас го зедов јузлук ама зошто ти е!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ФРОСА: Здрав да ми си и весел, пи наздравје!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
3. Наквечер дојди, наквечер, наквечер - в прва темница, мини го прагот раскапан влези во трошна одаја, на миндер седни накривен со каракамен на гради: каде е, каде радоста каде е куќа весела?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Нема да си одам додека пак не се видиме. (излегува горд, весел и насмеан, но пред да излезе од кај вратата се обѕирнува, и дава бакнеж со рака и тогаш излегува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
БАБА АНЧА: Ќе дојдам синко... Само да сте ми здрави и весели вие.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
КУМОТ: (откако се напива). Здрава да ми си и весела.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во полето екна весела бригадирска песна.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Наблизу весело шумолеше Вардар, а во далечината, низ модрикавата завеса на првата мугра, се оцртуваа темните горостасни купи на планините. ***
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не верувам да ти се жедни бригадирите ... – го закачаше весело и потаму тој.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
План сеидбен, норма надфрлена, родно поле цело засеано, - алтан жито, вардарка пченица – весел народ - лице насмеано.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Стоев на прсти помеѓу две рамења, гледав само малечко крајче на арената, среќен кога шарените кловнови со големи црвени носишта ќе се појавеа на тоа место. Кловновите ги испратија со весели извици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Учениците - штрајкачи стоеја пред гимназијата весело расправајќи анегдоти за професорите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со веселост ѝ го лизна сечилото. - Никој не смее да те закача.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ваму многу е весела. Оди, седи, лежи, само си потпева некакви грчки, руски, турски песни и со Илка сѐ нешто потскришум си шепотат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По добрата вечера и уште подоброто пиење, за кое време Пере постојано ги канеше сватовчините со познатите негови зборови: „Повелете, браќа, како во своја куќа, од своја мака!“ — зетот Крсте ја наду и гајдата од Перета, која секогаш беше готова да проквичи, штом ќе дојдеше некое весело друштво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе