братучед м.
братучеда ж.

братучед (м.)

Престанаа да си одат, да си идат на гости, престанаа да се женат и мажат со „Грци" и „Бугари" и од вчерашни браќа, братучеди, стриковци, вујковци, кумови и светијовани, станаа смртни непријатели и каде се сретнуваа по пазариштата Прилеп, Битола, Лерин, — секаде ги остреа забите едни на други и се чекаа да се исколат со острите ками, што обично ги криеја во самарите од маските или магарињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, доброутро, домаќину, бре! — вика Манџик, братучед на Крлета и сака некако да го протера слепото магаре покрај Малови, ама овие знаат тој што сака и со една сопа го нападија над кале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Па добро, кад ти хоќеш шуму онда буди шумар у твојој шуми, — му одговори началникот и му стави во задача сега пак тој да ги брка комитите во таа иста шума, во која него толку години го бркаа мулазимот, Рашид чауш и Шарен Мустафа, а во последно време братучед му Бино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве што е: четниците нѐ растурија кога им стасаа црнотравските братучеди.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стојан и Јован секогаш беа готови. Готови беа и нивните другари, пет од земските сејмени и двајца братучеди на Анѓа – еден од вујко, а друг од тетка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Најпосле, меѓу своите братучеди и чичковци ни Претседателот не можеше да изнајде погоден човек за тоа место, а беше добро и заради светот еден од бригадирите да не биде од неговата порода, тоа Претседателот го знаеше многу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној ги насобра околу себе сите свои братучеди и ги направи бригадири, секретари, книговодители, магационери и членови на комитетот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега тоа старче си имаше и нова куќа, како и сите други бригадири, како сите братучеди и чичковци на Претседателот, а во секоја соба и тоа имаше по еден персиски килим, по еден од оние, што ги ткаеја девојките од нивното село во текстилната бригада на Задругата, никаде непрокнижен, напросто земен и однесен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поради безрезултатноста, мислата за Брезница ги измори братучедите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Беа наседнат пред огништето во готварницата на Котета Милјанов да појадуваат:Коте и братучедите Србин и Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Оттука натаму тетин Доне и тетка Фора беа домаќини, братучедите беа гости.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Штотуку Трајан ја облече бугарската униформа, му стаса телеграма од дома; му пишува: „Братучед ти Висар умре, доаѓај побргу“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Братучед му Трајан Блосоениот идеше почесто поднапиен и со пиштолот в рака вртеше околу куќата и бавчите и викаше: „Излези, Зенула, излези, мамето твое...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Заостанува Наќе и почнува да вика, ќе зарипне. - О, Стојане! - Оу, вели Стојан. - Абре, ти си, али не си, вели. - Јас сум, бре брачед, вели Стојан.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаше еден братучед Стојан, тој беше бугарски војник. Така му се паднало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се бараат роднини: браќа, братучеди, Светијони.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога Крсте Младенов Акиноски стана глава на клонот на Акиноските што остана да живее на Имотот, односно на сираците Младенови и Спасиини, за да има кој да се грижи за нив, си донесе жена, некоја комитка, Султана по име, од костурските села, каде што комитуваа со братучедот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Осаменост ли, лукавоста ли на овега, или пак тоа го сторил за инает на браќата и братучедите од кои никогаш не престана да се чувствува предаден - управувањето со Имотот му го препуштил нему, на Сима Симиќ, српски пропагандист, а сам со неколку книшки што го донесол со себе Симиќ, се здал да ги „просветува“ потковичаните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најстар од нив беше Крсте Младенов, речиси му беше врсник на братучедот Најда Махаилов, и затоа заедно со него посветен во работата на Организацијата и заедно со него излезен да комитува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Истата година загина и мојот прв братучед Васил Ичев, член на Елас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе