братство ср.

братство (ср.)

Ја искам сенка, ја искам прохлада, Душевна ја искам тишина, Че клето ми срце доста вече страда, И сја нагледа вцекаква злина: Коварство сос бедност, сос гордост лукавство, Сон мртов, глупава простота, Љубов на слова, и слога без братство, И хитрост, лâжлива доброта.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
43. Православјето – најстарата, најраспространетата и основната религија на сите македонски народности, за сожалување, сосем ја загубило од видот својата главна цел да сее братство меѓу народите, да ги облагородува срцата на верниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Усети таа дека во младите детски души се зародила несвесна љубов, кога виде дека веќе место непријателство се разви вистинско братство меѓу нејзините деца и ова нивно другарче. Не еднаш таа ги виде заедно како си прикажуваат трите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попосле ова братство го запечатија и јавно, фаќајќи се тројцата свети Јовани во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Аџиите веднаш се наредија во редот на прилепските, битолските и тиквешките бегови и се избакнаа со нив во знак на братство и рамноправност.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стига братството и муабетите да ни се слатки, ако не ни е толку слатка вечерата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да се објасниме. Нашите читатели веќе знаат дека Цариградските друштва „Братство“ и „Македонска дружина“ во весникот „Право“ објавија отворено писмо до г. Мариновиќа (Јован Мариновиќ, српски министер на просвета) во кое ги осудуваат дејствијата на односното српско министерство и се жалат од српските пропагандисти кои сеат раздор меѓу српскиот и бугарскиот народ и наместо браќа и сојузници создаваат противници и непријатели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
12. Ќе одиме во потера, а командирот ни држи краток политички час: Ќе го ширите братството и единството со сите луѓе, без разлика.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никифор Абазовски, земајќи ме во заштита, почна да си мрмори: — Аман од тоа братство и единство, вели, кога никој не те сака за брат!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На 13 јануари 1948 година, се одржа Првиот конгрес на НОФ, на кој се донесоа решенија македонскиот народ да ги стави на располагање сите свои сили во заедничката борба со грчкиот народ за ослободување на земјата од туѓите окупатори — англоамериканците и нивните домашни органи, за демократија и национална рамноправност, за братство и единство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Солените зраци залудени ги покануваат рибите на валцер...ен два три...морнарски капи – мистериозни мапи...ен два три...љубовниците пијат лимонада – осамените сонуваат серенади... ен два три... загубени гаќи – јато страчки... ен два три... чамци прамци ланци и други тракатанци... ен два три...ен два три...еве ги моите родители, испокасани од решетките, сепак се вртат ритмично и лесно, иако сенки – гостинки сред радосното братство, иако...ен два три...иако го наслушнувам татко ми како мрмори: - Денот е како лист.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Веднаш се исклучи можноста некој да поткажал. Владееше свето братство меѓу козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Следува убава битка, полна со хумор, братство и храброст до мугри...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И еве, Луан Старова, македонски државјанин од албанско потекло, е вистинскиот претставник на балканскиот соживот и на балканската отвореност, човекот кој во текот на целиот свој живот го инкарнира балканското братство без каква и да е етничка затвореност, спротивставувајќи им се на ексцесите на идеолошката апстракција, подеднакво спротивставен на изнасиленото етничко и религиозното однесување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Социјалистичкиот кич прокламираше своја идеологија: братство и единство, интернационализам, социјална еднаквост и технички прогрес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ние - тоа е заменката на повторно пронајдената автентичност, а отсега тоа е име за обврзувачката хомогеност; беше тоа топол простор на братството по оружје, сега е празна падина на која бледнее и се замрзнува јавниот живот; беше тоа раѓање на една заедница самата од себе, сега тоа е исчезнување на секакво растојание, па затоа и на секоја можност за соочување на нејзините членови; беше тоа крик на револт, сега е солилоквиј на моќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кое литературно братство на светот може да се пофали со вакво антикомунистичко педигре? Треба да се биде горд!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мене нешто ме стега во грлото, нагло ми се плаче, ми се плаче заради моменталното разбирање без зборови, заради ненадејната поплава на топлото братство, заради соголеноста на ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе