барабан (м.)

Високиот, внимателно напудрен професор по српски и по историја, киваше во белите дланки, удираше со прсти по масата, речиси по барабан, и весело говореше: - Вие не сте добиток, имате јазик.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Затоа сите со душа го чекаа да тропне со барабанот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така, во пријатна расположба ги затече зората и градскиот телал Дуче со својот барабан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште на пет чекори пред општината, а Дуче веќе чука со двете големи вретена на него: дангара, дамбара, дангара, дамбара, — мава Дуче колку што може и не може и знае дека далеку се слуша неговиот барабан, иако сам ништо ве може да слушне, бидејќи беше глув на двете уши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Долгите кловновски чевли бијат по дрвениот под како по барабан.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Лила - најубавата, голема кукла полека стана, си го поднамести фустанчето и скокнувајќи од долапот тивко простенка: „М-а-м-а“, потем се упати кон белото зајаче Џипси и му рече: „Тропни со барабанчето! Треба сите да дојдат на овој собир!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Господ?” „Ха, и тој ништо не прави додека не му помогнеш: ако не ви подвикнев јас под кошарата и ако не го удрев барабанот низ село да се расчуе, Профим ни за жива глава немаше да ти ја даде; вие сѐ уште ќе се криевте и ќе си ги боцкавте фелките по сламата...” чкрапаше со очите Бандо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па после се рече да правиме пат за кон Боишта. Удрија барабанче низ селото, го свикаа народот и кажаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Труби, барабани, ти реков, ми рече, со што ти не го испратиле царот умните подајници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Попладнето дојде лекарот, повторно. Го потчукнуваше по градите како по некаков мал барабан.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
ВЕРА: Мама на машина чука, како зајаче по барабан.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овој сребрен барабан со орнаменти е доста необична работа, што му дава некоја вредност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Трубите на градскиот оркестар се изморија. Уште само барабаните се слушаа. Најпосле и нивното баботење се изгуби.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од еден рамен покрив трештеше оркестар. Барабаните галопираа. Куцајќи, трубите брзаа да ги стасаат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Обидувај се да ги имитираш, обидувај се во твоите зборови да нема ниту врска, ниту смисла, твојот разговор на минута да менува по пет теми, пцостите, пофалбите, смеата, сожалувањето, обичниот расказ - сето тоа, речиси помешано заедно, нека лета покрај ушите што те слушаат, обидувај се, како барабанот, зад себе да оставаш само пријатна бучава во ушите... без да оставиш каква и да е смисла.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На тригодишна возраст другарот Огилви ги отфрлил сите играчки освен еден барабан, еден митралез и еден модел на хеликоптер.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Убаво рече другарот Алајко, земете си ги мандолините, цаманмките, удрите по теловите, по барабаните и тапаните; играјте и пејте; веселете се.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Наместо да си ги стегнете мандолините, примовите, кавалите, шупелките, гајдите, тапаните, барабаните и, качени по овие златни ридови, да свирите, да се смирите, да се радувате и оро да поигрувате, вие очи си вадите, крв си пуштате, си ги сечете главите и зулуми правите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе