атерира св. и несв.
атерирање ср.

атерира (св. и несв.)

Кога? На пример, кога ќе им посеат трошки на терасите, и тие одеднаш, во млазни ескадрили, почнуваат да атерираат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Земјата е жолчката која од вртежот фатила тенка кора, врз која живиот свет атерирал од некаде, се населил или никнал – сеедно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, како да се направи тоа? Тешко е. Сепак ќе пробам да атерирам врз нешто што ќе одговара на мојата вештина за спуштање ниско.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)